Blog
подни облоги

Подни облоги

 

Покрај канцеларискиот мебел, клучна улога во опремувањето на деловниот и работниот простор имаат и подните облоги. Нашата широка палета на подови е поделена во две категории и тоа: текстилни подни облоги и LVT винилни подни облоги.

Текстилните подни облоги играат клучна улога во дефинирањето на атмосферата и функционалноста во просторот. Предностите при изборот на текстилните облоги се во удобноста и акустиката на модуларните облоги. Лесна инсталација и одржување, обезбедување подобар квалитет на воздухот и лесна замена на поединечни парчиња во случај на физичко оштетување. Комбинации на бои и текстури или избор со тврди  подови, обезбедуваат повеќе можности за создавање препознатлив корпоративен идентитет.

Луксузните винилни подни облоги (пвц подови) се инспирирани од дезени и материјали од природата и ја зголемуваат благосостојбата на корисниците на просторот. Со својот одржлив животен циклус ги отстрануваат штетните материи и ја штитат животната средина. Имитациите на текстури и бои на камен, дрво и други природни материјали во комбинација со текстилни облоги даваат уште повеќе можности во дизајнот на подот. Издржливоста и акустиката на винилните подови ги прави погодни за различни простори од деловни и хотели до медицински и други установи.

Преминот од LVT на текстилен под е лесен. Интегрираниот модуларен состав на подовите овозможува спојување на облогата без истакнати транзиции. Можно е да се истражат бескрајните можности со комбинирање на модели и бои за да се создаде навистина уникатен дизајн на подот.

Со ценовна достапност, подните облоги од нашата палета претставуваат сигурна инвестиција со гаранција од 15 години.

Текстилни подни облоги

LVT подни облоги