Политика на приватност на ДЕЛИГХТ ДОО Скопје

Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите е од најголемо значење за Друштво за трговија и услуги ДЕЛИГХТ ДОО увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст:
 
Политика за приватност на ДЕЛИГХТ има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.
Секоја активност поврзана со личните податоци, ДЕЛИГХТ ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон.
 
За целите на заштита на личните податоци, ДЕЛИГХТ има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права. Дополнително, заштита на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите на ДЕЛИГХТ е дел од Политиката за приватност чиишто одредби се задолжителни за сите вработени лица во ДЕЛИГХТ.
 

УЛОГАТА НА ДЕЛИГХТ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 
ДЕЛИГХТ согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.
 

ОСНОВНИ НАЧЕЛА

 
Како контролор, ДЕЛИГХТ обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:

  • Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;
  • Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;
  • Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите отузаради кои се обрабваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат;
  • Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;
  • Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;
  • Интегритет и доверливост – личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки;
  • Начело на отчетност [accountability] – ДЕЛИГХТ е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.

Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.
 

КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА ДЕЛИГХТ

 
ДЕЛИГХТ собира, чува и обработува лични податоци што клиентите ги откриваат или веќе ги откриле на ДЕЛИГХТ, како и потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално и лицата кои вршат деловни активности со ДЕЛИГХТ.
Примарен извор на лични податоци на ДЕЛИГХТ се оние лични податоци кои субјектите самите ги имаат дадено на ДЕЛИГХТ при деловна соработка. Напоменуваме дека ДЕЛИГХТ обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката.
 
Особено, ДЕЛИГХТ може да врши обработка на следниве лични податоци:
 
Личните податоци што ги доставуваат субјектите при купување на продукти, како што се: име и презиме на лице за контакт како и сите останати податоци потребни за склучување на договор.
Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи и Законот за евиденција во трудовата област. Податоци за вработените во ДЕЛИГХТ поопширно се објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;
Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и Законот за евиденција во трудоавата област. Податоци за кандидатите за вработување во ДЕЛИГХТ се поопширно објаснети во Анекс 3 на оваа Политика;
 
Контактирање преку контакт формата на нашата веб страна: име, меил телефонски број и компанија. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ДЕЛИГХТ поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика
 
Користење на нашата веб страна (системски логови): времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација, внатрешна резолуција на прозорецот на пребарување, активирање на JavaScript, Java вклучено/исклучено, колачиња вклучени/исклучени, длабочина на боја, Референтен URL, кликнувања – Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на задолжителните колачиња). Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ДЕЛИГХТ Скопје поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика и во Политиката на колачиња прикачена на нашата веб страна.
 
Регистрирање за нашиот билтен: Вашата е-пошта. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ДЕЛИГХТ поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика
 
Личните податоци што ги обработува ДЕЛИГХТ се чуваат во хартиена и / или електронска форма
 

ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 
ДЕЛИГХТ ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со ДЕЛИГХТ, за следните цели:
 
Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено:

  • да гo потврди идентитетот на клиентот или комитентот;
  • да оствари комуникација со клиентите/комитентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со ДЕЛИГХТ, вклучително и да преземедејствија за наплата на достасаните побарувања на ДЕЛИГХТ;

  • да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со ДЕЛИГХТ и да преземе дејствијаза исполнувањето на обврските/правата кон клиентите/комитентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да обезбеди ефикасно да го обезбеди бараниот услуга од ДЕЛИГХТ;
  • да ја оцени соодветноста за понуда на производ

 
Во контекст на законското и тековното работење на ДЕЛИГХТ и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено:

  • да ги развива и / или подобрува услугите што ги нуди ДЕЛИГХТ во односна преференциите на клиентите;
  • да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,

  • да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.

 
Врз основа на дадена согласност:

  • за подобро разбирање на начинот на користење и интеракција со содржината на вебстраницата на ДЕЛИГХТ, со користење “колачиња” (анг.: “cookies”);
  • да ги подобри услугите што ги обезбедува преку веб-страница, за подобро корисничкото искуство.
  • Да испраќа новости (newsletter) поврзани со ДЕЛИГХТ
  • Да чува CV на кандидат за вработување подолго од 12 месеци

 
Во однос на горенаведеното, напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:

  • за извршување на договор склучен со ДЕЛИГХТ или со цел преземање на потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;
  • за исполнување на законска обврска на ДЕЛИГХТ како контролор;
  • за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;
  • за извршување на работи од јавен интерес; и
  • кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на ДЕЛИГХТ или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете.

 
ДЕЛИГХТ применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на ДЕЛИГХТ, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци,освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци.
 

КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ ДЕЛИГХТ МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ

 
Поконкретно, ДЕЛИГХТ може да ги открие личните податоци на субјектот на личните податоци само доколку е обврзана согласно закон, одлука на надлежен орган или на трети лица, односно на следната категорија корисници на лични податоци: државни органи или правни лица основани од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или други тела како и на трети лица (физички или правни лица) кои дејствуваат по наредба или во име на ДЕЛИГХТ, како што се:
 
трети лица (физички или правни лица) кои соработуваат со ДЕЛИГХТ во каква било форма, дејствувајќи во име и за сметка на ДЕЛИГХТ, со цел да се постигне целта за обработка на договорот, вклучувајќи ги следниве категории:

  • Компании кои ги информираат должниците и / или гарантите за нивните долгови пред или по престанокот и / или подготвителните активности потребни за вонсудска и судска постапка за наплата на ДЕЛИГХТ за нивните заостанати долгови;
  • Компании – добавувачи на опрема за информатичка технологија;
  • Агенции за обезбедување лица и имот;
  • Друштва за консултантски услуги, вклучително и финансиски советници и ревизори;
  • Компании – даватели на податоци;
  • Органи за социјално осигурување, јавни установи и јавни компании;
  • Финансиски институции, Управа за јавни приходи, издавачи на електронски пари, берзи и други институции од оваа област;
  • Надзорни, судски, независни и други органи на национално и европско ниво заради исполнување на законските обврски на ДЕЛИГХТ наложени согласно важечката регулатива или со судска одлука;
  • Овластени сметководители и ревизорски друштва.

 
ДЕЛИГХТ соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на ДЕЛИГХТ, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од ДЕЛИГХТ и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.
 

ПРАВИЛАТА ШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРИ ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ (ПРЕКУ-ГРАНИЧЕН ПРЕНОС)

 
ДЕЛИГХТ може да изврши пренос на личните податоци кои ги обработува во согласно одредбите од глава V од Законот за заштита на личните податоци.
 
ДЕЛИГХТ, по потреба, на пример заради спроведување на Договор за користење на услуги од надворешни лица кога давателот на услугата е надворешно лице од странство, може да изврши пренесување на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и за тоа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. ДЕЛИГХТ исто така има право да изврши пренос на личните податоци и во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци односно по добиена Одлука за соодветност од страна на Агенцијата доколку проценила дека третата земја обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци.
 
ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД
 
Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.
Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни
односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.
Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.
Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.
Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.
Сите добиени согласност од страна на субјектите на личните податоц.
 
Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на
задржување.
 

ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 
Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.
 

  • Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)
    ДЕЛИГХТ ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на ДЕЛИГХТ ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за праватана субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, ДЕЛИГХТ ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку/: Информациите за субјектите на личните одатоци достапно во продавницата на ДЕЛИГХТ, и преку Известувањето за видеонадзор во сите места каде што има ДЕЛИГХТ поставено камери. Напоменуваме дека ДЕЛИГХТ не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).
  • Право на пристап (член 19 од Законот)
    Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од ДЕЛИГХТ дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.
  • Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)
    Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.
  • Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)
    Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ДЕЛИГХТ да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личнитеподатоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, ДЕЛИГХТ ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност.
     
    При бришење на личните податоци, ДЕЛИГХТ води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои ДЕЛИГХТ соработува а кои ги обработуваат тие податоци.
  • Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)
    Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ДЕЛИГХТ да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштитана личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на ДЕЛИГХТ
  • Право на приговор (член 25 од Законот)
    Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до ДЕЛИГХТ во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на ДЕЛИГХТ или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат ДЕЛИГХТ да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие
    цели.
  • Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)
    Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.
  • Право на преносливост (член 24 од Законот)
    Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на ДЕЛИГХТ во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на ДЕЛИГХТ, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личниподатоци.

 
Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата можете да го поднесете на адреса „Анкарска бр.19 Скопје – Карпош“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата office.macedonia@delightoffice.com при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање. Офицер за заштита на лични податоци за Друштво за трговија и услуги ДЕЛИГХТ ДОО увоз-извоз Скопје е назначено лицето: _________ и може да го контактирате на меил адресата: Регулаторно тело за заштита на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци со адреса: бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ – кат 14) и контакт: info@privacy.mk
 
НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања до ДЕЛИГХТ.
 
Воедно напоменуваме дека бараните информации ДЕЛИГХТ ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи ДЕЛИГХТ или ќе одбие да постапи по Барањетоили ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што соодветно ќе бидете известени.
Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, ДЕЛИГХТ донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.
 

БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 
Доверливоста на личните податоци на клиентите на ДЕЛИГХТ има посебен фокус од страна на сите вработени во ДЕЛИГХТ.
ДЕЛИГХТ ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои
ДЕЛИГХТ гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи.
 
Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на ДЕЛИГХТ и ДЕЛИГХТ има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите.
 
Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци. Во ваква ситуација, ДЕЛИГХТ веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.
ДЕЛИГХТ има донесено соодветна процедура за начинот на кој вработените треба да пријават до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.
 

ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 
Политиката на Приватност е усвоена во 2022 година
ДЕЛИГХТ има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на
ДЕЛИГХТ со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на друштвото, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.
Во ваков случај, ДЕЛИГХТ ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.
 

КОНТАКТ ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛИГХТ И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 
За било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност на ДЕЛИГХТ како и во врска со Политиките од Анексите во прилог на оваа Политика, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на еден од следните начини:

  • преку писмен допис којшто можете да го поднесете до ДЕЛИГХТ на адреса „Анкарска бр.19 Скопје – Карпош“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“;
  • по електронски пат, на е-адресата office.macedonia@delightoffice.com;

 

АНЕКС број 1: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВЕБ-СТРАНАТА ИОНЛАЈН СЕРВИСИТЕ НА ДЕЛИГХТ

 
ДЕЛИГХТ собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб – страница (во натамошниот текст: „корисниците“), достапна на следниот линк: https://www.delightoffice.mk.
 
Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај ДЕЛИГХТ не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите вебстраници на трети лица.
 
Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на ДЕЛИГХТ се потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. ДЕЛИГХТ може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбедие-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.
 
Поконкретно, ДЕЛИГХТ ги собира следните податоци:

Лични идентификациски податоци

  • ДЕЛИГХТ може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини,а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на вебстраницата и онлајн сервисите на ДЕЛИГХТ.
  • Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.
  • ДЕЛИГХТ ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до ДЕЛИГХТ. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.
  • Лични податоци кои ДЕЛИГХТ може да ги собира и обработува кога ги посетувате вебстраницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата како и податоците кои може да ги оставите при креирање на корисничка сметка.
  • Личните податоци кои ги обработува веб страната на ДЕЛИГХТ се со цел да можеме да извршиме достава на нарачаниот продукт од нашата веб страница.

 
Идентификациски податоци што не се лични
ДЕЛИГХТ може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на ДЕЛИГХТ. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

  • Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации,
  • Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,
  • Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,
  • Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на ДЕЛИГХТ кои реклами и
    промоции ги прегледал корисникот и сл.,
  • Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена вебстраницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

 
Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.
 
“Колачиња (анг.: Cookies)”
 
Веб – страницата на ДЕЛИГХТ може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на ДЕЛИГХТ, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата. „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).
 
ДЕЛИГХТ користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории:

  • Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.
  • Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.
  • Маркетинг колачиња. ДЕЛИГХТ не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.
  • Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални
    медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ДЕЛИГХТ и ДЕЛИГХТ нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

 
При првата посета на веб-страницата на ДЕЛИГХТ посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на ДЕЛИГХТ и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на ДЕЛИГХТ не е можно да се исклучат.
 
Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.
 
Дополнително, користењето на веб-страницата на ДЕЛИГХТ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.
 
За повеќе информации поврзани со колачињата кои се користат на нашата веб страница, ве молиме прочитајте ја нашата Политика за колачиња која е поставена на нашата веб страна.
 
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
 
За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите
 
ДЕЛИГХТ постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците
 
За подобрување на услугите на ДЕЛИГХТ кон клиентите
 
Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците зададени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).
 
За добивање на newsletter/новости поврзани со нашата компанија
 
Меил адресата ја користиме за да може да извршиме достава на newsletter.
 
БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Како што е опишано во Политиката за приватност на ДЕЛИГХТ, ДЕЛИГХТ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на ДЕЛИГХТ.
 
ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на ДЕЛИГХТ, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. ДЕЛИГХТ не ја контролира содржината или врските што се присутнина тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзаникон или од веб – страницата на ДЕЛИГХТ. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на ДЕЛИГХТ е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.
 
ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Политиката за приватност е усвоена во 2022 година
ДЕЛИГХТ има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на ДЕЛИГХТ, со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, ДЕЛИГХТ ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.
 

АНЕКС број 2: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ДЕЛИГХТ

 
Оваа Политика се однесува на вработените на ДЕЛИГХТ, на практикантите и волонтерите во ДЕЛИГХТ, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”).Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува ДЕЛИГХТ за вработените во ДЕЛИГХТ, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн..
 
Категории на лични податоци на вработените што ДЕЛИГХТ ги обработува
 
Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи,Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од овааобласт како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на ДЕЛИГХТ, ДЕЛИГХТ ги обработува следните лични податоци:

  • име, презиме и татково име на работникот;
  • единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);
  • ден, месец и година на раѓање;
  • место на раѓање (општина, населено место и држава);
  • пол (машки-женски);
  • живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);
  • припадност на заедниците;
  • религиска припадност;
  • учество во синдикат;
  • место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);
  • степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно
    училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);
  • степен на стручна подготовка, (НКВ, ПКВ, КВ, ВКВ, ССО за занимање):
    – завршени програми за стручно оспособување (обука, доквалификација и преквалификација) и
    – посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);
  • шифра и опис на занимање;
  • работно време на работникот (полно работно време или скратено);
  • стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;
  • траење на работниот однос:
    – на неопределено време и
    – на определено време;
  • број на трансакциска сметка;
  • износ на плата;
  • податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;
  • дали е трудов инвалид (здравствени податоци);
  • датум на засновање на работниот однос;
  • датум на престанок на работниот однос;
  • основа за престанок на работниот однос.

 
Цели на обработка на личните податоци на вработените на ДЕЛИГХТ
 
Во однос на целите на обработката, истите се елаборирани во Политиката за приватност на ДЕЛИГХТ, односно за цели за исполнување на законски обврски на ДЕЛИГХТ, како и исполнување на договорните обврски со вработените на ДЕЛИГХТ.
 
Дополнително, ДЕЛИГХТ ги обработува личните податоци на вработените на ДЕЛИГХТ и за потребите на легитимниот интерес на ДЕЛИГХТ, во следните ситуации:

  • Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн…;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;
  • Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на ДЕЛИГХТ, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;
  • Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;
  • Проценка за потребите за обуки;
  • Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;
  • Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно
    отсуство, неплатен одмор, и слично;
  • Деловно планирање и реструктуирање;
  • Справување со правни постапки против ДЕЛИГХТ;
  • Спречување на измами;

 
Посебни категории на лични податоци на вработените на ДЕЛИГХТ
 
Посебни категории на лични податоци кои може да ги обработува ДЕЛИГХТ се:

  • Здравствени податоци;
  • Етничка припадност;
  • Религиска припадност;
  • Синдикално учество.

 
Посебните категории на лични податоци се обработуваат заради:

  • интерните процедури за отсуство на вработените од здравствени причини;
  • извршување на разумни прилагодувања за лица со попречености;
  • одредување на неработни денови согласно изјаснетата религиска припадност на
    вработените на ДЕЛИГХТ;
  • за финансиска помош на вработени и/или членови на нивното поблиско семејство во
    случај на потешки здравствени и сл. вид на незгоди/несреќи.

 
Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, ДЕЛИГХТ не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со целда ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.
 
Корисници и пренос на лични податоци
 
ДЕЛИГХТ, доколку е потребно може да ги открие личните податоци на овластени колеги од секотрите во рамки на компанијата, кои обработуваат лични податоци врз основа на договор и дадена изјава за тајност и заштита, и кои вршат увид на податоци само доколку се овластени од страна на управител доколку е неопходно со цел да ги извршат своите работни задачи; соодветен раководител заради менаџирање со работните обврски; вработените во Секторот за кадри на ДЕЛИГХТ заради оддржување на досиејата на вработените и/или внесување на податоците во соодветните системи.
 
Безбедност на обработка на лични податоци
 
ДЕЛИГХТ ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.
 
Време на чување на лични податоци
Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ДЕЛИГХТ ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијатана вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал,
Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.
Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.
Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.
Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.
Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.
 
Автоматско донесување на поединечни одлуки
 
ДЕЛИГХТ не ги обработува личните податоци на вработените за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.
 
Права согласно Законот за заштита на личните податоци
 
Правата на вработените во врска со личните податоци и начинот како да ги остварат иститесе опишани во Политиката за приватност на ДЕЛИГХТ.
 
Податоци за контакт
 
За сите прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, контактирајте ја ДЕЛИГХТ на начин опишан во Политиката за приватност на ДЕЛИГХТ.
 

АНЕКС број 3: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДЕЛИГХТ

 
Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во ДЕЛИГХТ (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува ДЕЛИГХТ за кандидатите за вработување, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн..
 
Категории на лични податоци на кандидатите за вработување што ДЕЛИГХТ ги обработува
 
ДЕЛИГХТ ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

  • Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;
  • Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
  • пол;
  • информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување;

  • возачка дозвола (за одредени работни позиции).

 
Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во ДЕЛИГХТ
 
Дополнително, ДЕЛИГХТ има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

  • Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Проценка за потребите за обуки.

 
Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на ДЕЛИГХТ. При горниот случај, ДЕЛИГХТ може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни
места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 година.
 
Корисници и пренос на Вашите лични податоци
 
Како кандидат за вработување во ДЕЛИГХТ, ДЕЛИГХТ ги открива личните податоци на раководителот на Секторот за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во ДЕЛИГХТ задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати.
 
Безбедност на обработка на личните податоци
 
ДЕЛИГХТ ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.
 
Време на чување на личните податоци
 
Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ДЕЛИГХТ ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.
 
Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа ДЕЛИГХТ нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во ДЕЛИГХТ, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.
 
Доколку ДЕЛИГХТ побарала и добила согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во ДЕЛИГХТ, податоците ќе ги чува во период од 1 или 2 години, во зависност од согласноста.
 
По завршување на овој период ДЕЛИГХТ ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.
 
Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на ДЕЛИГХТ.